Од 04.-07.10.2016 година во Скопје (х. Континентал) ќе се одржи Конференцијата за товарниот сообраќај „Балкан модул груп – BLK“.
На конференцијата меѓу другото ќе се разговара за тековниот возен ред, како и усогласување на трасите, карактеристиките, возните времињата и составот на возовите за новиот возен ред 2016/17 година.
На настанот треба да земат учество поголем број на Железнички управи од Балканот и Европа, како и Шпедиции кои оперираат долж Коридорот 10.
Домаќин на конференцијата е Македонски Железници Транспорт АД – Скопје, додека организатор е „Србија Карго“. echoua