Македонски Железници Транспорт АД – Скопје, ги информира патниците дека меѓународниот воз „Хелас експрес“ кој сообраќаше од 17.06.2016 година на релацијата Солун-Скопје-Белград и обратно, ќе престане да сообраќа на 04.09.2016 година поради изведување на градежни работи на територијата на Република Србија.
Прекинот на патничкиот сообраќај ќе важи се до крајот на возниот ред 2015-2016 година.
Повторното воспоставување на редовната патничка линија на релација Солун-Скопје-Белград заеднички ќе го усогласат „МЖ Транспорт“, „Србија воз“ и „TRAINOSE“ – Грчките железници.
Возот 334 за последен пат (на територија на Македонски железници) годинава ќе сообраќа на 03.09.2016 година на релацијата Гевгелија – Белград, додека возот 335 (на територија на Македонски железници) ќе сообраќа до 03 09. 2016 година на релацијата Белград-Гевгелија според времињата утврдени со возниот ред. Патниците од Гевгелија до Солун ќе бидат превезени со автобус во организација на TRAINOSE.