Историја

Железничкиот систем на просторот на Република Македонија егзистира од далечната 1873 година. Со пуштање на пругата Солун – Скопје. Македонските железници Транспорт АД – Скопје се членки на УИЦ и е прифатена целосната легистатива на УИЦ и КОТИФ.

Согласно уредбите на ЕУ Македонските железници ќе се трансформираат во една современа транспортна организација која во рамките на Македонија, но и пошироко ќе ги понуди своите транспортни услуги за превоз на стока и патници.

Во процесот на трансформацијата и изборот на моделот вклучени се Владата на Република Македонија и Светската банка.

Основната дејност на Македонските железници Транспорт АД- Скопје е превозот на стока и патници. Во моментов вработени се околу 1296 вработени. Од инфраструктура поседуваме 699 км пруга. Македонските железници Транспорт АД – Скопје поседуваат 1525 товарни вагони, 75 патнички вагони, 40 дизел и 16 електро локомотиви. Покрај тоа во возниот парк има 11 дизел моторни возови и 4 електромоторни возови.

На тој начин железнициата е подготвена целосно да ја подмири потребата на македонското стопанство и потребите на регионот во превозот на стока.

Македонските железници Транспорт АД – Скопје се подготвени за комерцијална соработка со големите корисници на железничкиот сообраќај на кои им се нудат и посебни бонуси. Исто така отворена е за соработка со другите железници и странски компании.

Моторен шинобус - станица Скопје, 1962 година

h001

Парна локомотива - серија 01-064

h002

Свечено отворање на пругата Велес - Солун во 1873 година

h003

Ложилница Скопје - погон за влеча со парни и дизел локомотиви

h004

Наредба за превоз на патници, багажи и стоки на МФЖ

Прва Железничка станица - Скопје

h006

Станица Скопје пред земјотресот

h007

Станица Велес пред минирањето - август 1944 година

h008

Железничка станица Ѓорче Петров

h009

Железничка станица Охрид - 1928 година

h010

Железничка станица Скопје пред земјотресот

h011