Јавни набавки

 

Проект за обнова на возен парк на Македонски железници

Бр. на оглас за набавка:

8843-GPN-43997

Земја:

Македонија

Сектор:

Транспорт

Бро на проект:

8843-GPN-43997

Средства на финансирање:

ЕБОР

Вид на договор:

Проект за Стоки, Работи и Услуги

Вид на известување:

Генерално известување за набавка

Датум на објавување:

04 окт 2017

Краен рок:

03 окт 2018   во  23:59   локално време

ГЕНЕРАЛНО ИЗВЕСТУВАЊЕ ЗА НАБАВКА

Ова ГПН ја ажурира претходната објава на интернет страната од Банката од 8 март 2016.

Македонски железници Транспорт АД (МЖТ) и Јавно претпријатие Македонски железници Инфраструктура (ЈПМЖИ) планира да искористи средства од заемот од Европската Банка за Обнова и Развој [Банка] за проект за инсталирање на интегриран Информатички Систем за Управување со Енергетска ефикасност (Energy Management Information System/EMIS), со кој на МЖТ и на ЈПМЖИ ќе им се овоможи собирање на информации за потрошувачката на енергија. За предложениот проект, со вкупно предвидени трошоци во еквивалентен износ од 59 милиони евра, ќе биде потребна набавка на следниве стоки, работи и услуги:

– сервери од средна големина [mid-sized servers],

– работни станици [workstations],

– вградени мерачи за електрична енергија во возило [on-board Electrical Energy Meters (OEEM)],

– трансформатори за мерење на струја за ОЕЕМ [current measurement transformers for OEEM],

– трансформатори за мерење на напон за ОЕЕМ [voltage measurement transformers for OEEM],

– систем за обработка на податоци за ОЕЕМ [Data Handling Systems for OEEM],

– ГПС антена/точка до точка [GPS/Point to Point antennas],

– вградени мерачи за проток на дизел-гориво во возило [On-board Diesel Flow Meters (ODFM)],

– систем за обработка на податоци за ОДФМ [Data Handling Systems for ODFM],

– мерачи за електрична енергија (фиксни) [electrical energy meters (stationary)],

– повеќенаменски мрежни приклучоци [multi-utility gateways],

– мерачи за проток на дизел-гориво (фиксни) [diesel flow meters (stationary)],

– и ормари и кабли и други потребни стоки и поврзани услуги.

Доставувањето на понудите се очкеува да започне на почетокот од 4-от квартал во 2017.

Договорите што се финансирани со средствата од заемот од Банката ќе подлежат на Правилата и политиките за набавка од Банката и важи за фирми од сите земји. Средствата од заемот од Банката нема да се користи со цел плаќање кон лица или субјекти ниту за увоз на стоки, ако таквото плаќање или увоз се забранети со одлука на Советот за безбедност од Обединетите Нации согласно Поглавје VII од Повелбата на Обединетите Нации или согласно законските прописи од земјата на Купувачот.

Заинтересираните добавувачи, изведувачи или консултанти може да се обратат до:

Македонски железници Транспорт АД Скопје,

III Македонска бригада бр. 66,

1000 Скопје, Република Македонија

Лице за контакт: Г-дин Кире Диманоски

Тел.: + 389 2 3248701

Факс: +389 2 3248719

епоштаkiredimanoski@mztransportad.com.mk

http://www.ebrd.com/work-with-us/procurement/p-pn-171004a.html