Hand Luggage

Патникот има право да превезе во патничките вагони рачен багаж бесплатно и без превозни документи, предмети кои можат лесно да се внесат и сместат над и под седиштата кои тој ги зазема, ако тоа не е спротивно на царинските и други прописи и ако со тие предмети не се нанесува штета на вагоните.

Патниците на кои не може да им се определи место за седење постапуваат во поглед на сместувањето на својот рачен багаж согласно со упатствата на кондуктерот.