Воени инвалиди

Бесплатен и повластен превоз на воените и мирновременските воени инвалиди,  членовите на нивните семејства и на членовите на семејствата на паднатите борци се врши со железница  согласно со Законот за правата на воените инвалиди, на членовите на нивните семејства и на членовите на семејствата на паднатите борци за бесплатен и повластен превоз.

Објавата за бесплатно патување од споменатиот Закон ја издава и заверува подрачната организациска единица на Министерството за труд и социјална политика во општината на чие подрачје живее корисникот. Објавата важи 60 дена од денот на издавањето. Овој рок може да биде и подолг, доколку на објавата тоа посебно го означи и завери нејзиниот издавач.

Воен инвалид има право на три возења годишно со повластица од 75% од редовната возна цена.