Кушет и вагони за спиење

Возовите кои сообраќаат со вагони со легла на ноќните релации се означени во Возниот ред.

Леглата можат да се користат под услов да се плати надоместок за користење на легло во вагон со легла. Освен тоа, патникот треба да има важечки возен билет за релацијата на која користи легло за употребената класа и вид воз.

Патниците плаќаат цена за легло во полн износ и во случај кога користат возен билет со повластена возна цена или бесплатен превоз.

Вагони за спиење

Возовите во кои сообраќаат вагоните за спиење се означени во Возниот ред.
За заземање легла во вагоните за спиење, патникот треба да има важечки возен билет за релацијата на која се користи вагон за спиење, за односната класа и вид воз, и тоа:
– во купе “сингл” (со 1 легло), возен билет за 1. класа:
– во купе “дубл” (со 2 легла), возен билет за 2. класа:
– во купе “турист” (со 3 легла), возен билет за 2. класа.
Патникот плаќа надоместок за употреба на легло според важечката тарифа на благајната или кај домаќинот во вагонот за спиење, доколку има слободни легла. За платен надоместок, добива билет за легло.