Вагони за ручање и бифе-вагони

Во вагоните за ручање можат да се задржуваат патници со важечки возен билет за односната релација и вид воз, и тоа:

– за време на ручек и вечера-најмногу 60 минути;
– за време на појадок и ужина-најмногу 45 минути;

– во останатото време најмногу-30 минути.

Патникот затекнат во вагоните за ручање или во бифе- вагоните без важечки возен билет ја плаќа возната цена за 1. класа за односната релација и вид на воз, и додаток според одредбите на оваа Тарифа за вршење на доплати во воз.