Групни патувања

За училишни и научни екскурзии на ученици и студенти, кои се организирани од страна на образовни, воспитни и општествени организации (училишта, факултети, академии, спортски и културно-уметнички друштва…) се одобрува повластица од 50% од  редовната возна цена за 2. класа за патнички и брз воз. Групата може да користи повластица ако се состои од најмалку 6 патника не сметајќи го наставникот или професорот, кој мора да ја придружува групата.

Повластицата се користи врз основа на објава К-16, која ја печати и продава превозникот.
Корисникот на превоз е должен објавата точно да ја потполни и да ја завери со свој печат и потпис.