Blind People

Слепите лица, членови на Сојузот на слепите на Република Македонија, во железничкиотпатнички сообраќај имаат право на повластица во висина од 75% од редовната возна цена за шест (6) патувања годишно. Слепото лице има право на придружник.

Придружникот на слепото лице има право на бесплатно патување во железничкиот сообраќај во сите случаи кога го придружува слепото лице, кога патува сам по слепото лице или при враќање по придружувањето на слепото лице.

Повластица се користи врз основ на книшката за повластено возење на слепото лице, која ја печати Сојузот на слепите на Македонија и ја издава надлежна организација-Здружението наслепи лица -членка на Сојузот, на чие подрачје живее слепото лице.