Повторно ќе сообраќаат времено укинатите возови

Повторно ќе сообраќаат времено укинатите возови

Времено укинатите возови 543/540 повторно се воведуваат во редовен сообраќај. Возовите ќе сообраќаа според важечкио Возен ред за 2016/2017 година „СТУ за Возен ред 2016/2017 година и Книшка за возен ред 01-07 со важност од 11.12.2016 до 09.12.2017 година и тоа возот бр. 543 ќе сообраќа за прв пат на 19.04.2017 година, возот бр. 540 за прв пат ќе сообраќа на 20.04.2017 година.

Возот бр. 543 сообраќа на релација Скопје – Битола, од Скопје поаѓа во 17.10 часот, а во Битола пристигнува во 19.51 часот.

Возот бр. 540 кој сообраќа на релација Битола – Скопје, од Битола поаѓа во 5.20 часот, а во Скопје пристигнува во 8.07 часот.