Смена на Управниот и Надзорниот одбор и назначување на нов Генерален директор

Смена на Управниот и Надзорниот одбор и назначување на нов Генерален директор

Со Одлука на Владата на Република Македонија донесена на  05.08.2017 година извршени се промени во Управниот и Надзорниот Одбор на Македонски железници Транспорт АД Скопје, воедно назначен е и нов Генерален директор и Претседател на Управниот одбор г-нот Љубиша Ристиќ кој доаѓа на местото  на досегашниот в.д. Генерален директор Игор Коруноски.

Љубиша Ристиќ дипл. економист целиот свој работен ангажман го поминал во Македонски железници извршуваќи повеќе раководни позиции, а во одреден временски период беше и Директор на Секторот за информатика при Македонски железници – Скопје.