Транспортни услуги

Компанијата располага со значителен парк од сопствени вагони, кои овозможуваат:

• Конвенционален превоз на стоки во отворени и затворени вагони;

• Превоз на растресита стока (жито, мелена руда и др.)

• Превоз на течни горива во специјализирани вагони;

• Превозна стока во контејнери на специјални плато вагони;

• Превозна стока во редовни маршрутни возови;

• Превоз на особени пратки;

• Превоз на живи животни;

• Превоз на опасни материи.

 

Контејнерски превоз

 

М.Ж.Транспорт има контејнерски терминал во Скопје Товарна, кој располага со соодветна техничка опрема, што овозможува утовар и истовар на товарени и празни контејнери.

Контејнерски превоз може да се врши до секоја станицана М.Ж. Транспорт, отворена за товарен сообраќај ако утоварно-истоварните операции на контејнерот се извршуваат на самиот вагон.

 

М.Ж. Транспорт нуди логистички услуги во областа на конвенционалниот транспорт на вагони и контејнери низ пругите во Македонија и во странство.

Преку коридорот 10 (Табановци-Гевгелија, на македонска територија), на југ се поврзува со  Солунското пристаниште, а на север се поврзува со земјите од Балканот и Европа.