Вагони

EAS-z (595)(596)(597)(598)

Вагон серија Eas-z е четириосовински отворен вагон за превоз на разни товари за кои не е потребна заштита од атмосверски влијанија. Доколку е потребно да се изврши заштита на товарот од атмосверски влијанија, може да се употребат вагонски прекривачи. Дрвениот под погоден е за во него да може да се заковуваат различни средства кои служат за спречување или ограничување на поместувањето на товарот Алките кои се наоѓаат на челните и страничните страници служат за обезбедување на товарот со врзување, или пак за врзување на прекривачите. со дрвен патос, додека вагоните од серија 597 и 598 се вагони со метален патос.

Постојат 4 различни обележувања на вагоните од серија Eas-z. Вагоните од серија 595 и 596 севагони

eas-z-c1
eas-z-spec

Kgs-z

kgs-z-crtez
kgs-z-spec

Regs-z

Вагон серија Regs-z е четириосовински плато вагон за превоз на разни товари во парчиња или пакувани товари за кои не е потребна заштита од атмосверски влијанија. Вагонот поседува и странични страници, и поради тоа е погоден за превоз и на растресити товари. Товарниот простор е заграден со ниски челни и странични страници и странични столбчиња. Дрвениот под погоден е за во него да може да се заковуваат различни средства кои служат за спречување или ограничување на поместувањето на товарот. На овој вагон можат да се употребуваат и вагонски прекривачи. Алките кои се наоѓаат на страничните надолжни носачи служат за обезбедување на товарот со врзување, или пак за врзување на прекривачите. Вагонот од оваа серија се разликува од вагоните од серија 391 само по тоа што истиот има ниски преклопни странични страници.

Res-z

Вагон серија Res-z е четириосовински плато вагон за превоз на разни товари во парчиња или пакувани товари за кои не е потребна заштита од атмосверски влијанија. Вагонот поседува и странични страници, и поради тоа е погоден за превоз и на растресити товари. Товарниот простор е заграден со ниски челни и странични страници и странични столбчиња. Дрвениот под погоден е за во него да може да се заковуваат различни средства кои служат за спречување или ограничување на поместувањето на товарот. На овој вагон можат да се употребуваат и вагонски прекривачи. Алките кои се наоѓаат на страничните надолжни носачи служат за обезбедување на товарот со врзување, или пак за врзување на прекривачите. Вагонот од оваа серија се разликува од вагонот од серија 390 само по тоа што има ниски странични преклопни страници.

Rgs-z

Вагон серија Rgs-z е четириосовински плато вагон за превоз на контејнери и разни товари во парчиња или пакувани товари за кои не е потребна заштита од атмосверски влијанија. Товарниот простор е заграден со ниски челни страници и странични столбчиња. Подот е делумно од дрво и делумно од челик. Дрвениот под погоден е за во него да може да се заковуваат различни средства кои служат за спречување или ограничување на поместувањето на товарот. На овој вагон можат да се употребуваат и вагонски прекривачи. Алките кои се наоѓаат на страничните надолжни носачи служат за обезбедување на товарот со врзување, или пак за врзување на прекривачите. Вагонот е опремен со прифатни клинови за обезбедување на транспортот на контејнери

Rs-z

Вагон серија Rs-z е четириосовински плато вагон за превоз на разни товари во парчиња или пакувани товари за кои не е потребна заштита од атмосверски влијанија. Товарниот простор е заграден со ниски челни страници и странични столбчиња. Дрвениот под погоден е за во него да може да се заковуваат различни средства кои служат за спречување или ограничување на поместувањето на товарот. На овој вагон можат да се употребуваат и вагонски прекривачи. Алките кои се наоѓаат на страничните надолжни носачи служат за обезбедување на товарот со врзување, или пак за врзување на прекривачите.

Smmps-tz

Вагон серија Smmps-tz е четириосовински плато вагон за превоз на разни тешки товари во парчиња или пакувани товари за кои не е потребна заштита од атмосверски влијанија, а особено тешки возила, работни машини или пак борбени возила со тркала или гасеници. Бидејќи е пократок од останатите плато вагони, погоден е за превоз на поединечни тешки предмети. Товарниот простор е заграден со ниски челни страници и странични столбчиња. Дрвениот под погоден е за во него да може да се заковуваат различни средства кои служат за спречување или ограничување на поместувањето на товарот. На овој вагон можат да се употребуваат и вагонски прекривачи. Алките кои се наоѓаат на страничните надолжни носачи служат за обезбедување на товарот со врзување, или пак за врзување на прекривачите.

Ss-z

Вагон серија Ss-z е специјален четириосовински плато вагон за превоз на разни товари во парчиња или пакувани товари за кои не е потребна заштита од атмосверски влијанија. Вагонот е погоден за превоз на градежни машини и борбени возила со тркала или гасеници, лимови и котури. Товарниот простор е заграден со челни високи страници кои служат за обезбедување на товарот од поместување во текот на транспортот. Дрвениот под погоден е за во него да може да се заковуваат различни средства кои служат за спречување или ограничување на поместувањето на товарот. На овој вагон можат да се употребуваат и вагонски прекривачи. Алките кои се наоѓаат на страничните надолжни носачи служат за обезбедување на товарот со врзување, или пак за врзување на прекривачите.

Zaes-z (788)

Hbis-z

Fap