Ремонт

Работната единица, Инвестиционо одржување, составен дел на МЖ. Транспорт АД. – Скопје, Подружница за влеча и одржување на влечни средства, во својата функционална поставеност, извршува специјализирани видови поправки на влечните средства и функционира како еден вид на Ремонтен субјект, кој ги изведува следните работи:

• Поправка од голем и среден обем (ремонт) на дизел и електрични локомотиви од серија 661, со заокружен систем на фазни постапки;

Ремонт од голем и среден обем на електрични локомотиви од серија: 441 и 461;

• Пренабивање на сите локомотиви и моторни возови кои се во возниот парк на МЖ Транспорт АД – Скопје;

• Ремонт на лесни дизел мотори за сопствени потреби;

• Ремонт на компресори за сопствени потреби;

• Ремонт на мали и големи електрични машини за сопствени потреби;

• Плански и вонплански поправки на сите влечни средства, сопственост на МЖ Транспорт АД – Скопје.