Времено нема да сообраќаат возовите 541/540 на релацијата Скопје-Битола-Скопје

Времено нема да сообраќаат возовите 541/540 на релацијата Скопје-Битола-Скопје

Поради оперативно технички проблеми, МЖ Транспорт АД – Скопје врши измена и дополнување на важечкиот возен ред 2017/2018 година со тоа што возовите бр. 541/540 кои сообраќаа на релација Скопје-Битола-Скопје времено нема да сообраќаат.

Возовите ќе сообраќаат последен пат како следи:

  1. Воз бр. 541, ќе сообраќа последен пат на ден 05.08.2018 година (недела),
  2. Воз бр. 540, ќе сообраќа последен пат на ден 06.08.2018 година (понеделник).

Возот 541 според постојниот возен ред од Скопје поаѓаше во 17.10 часот, а во Битола пристигнуваше во 19.56 часот, додека возот 540 од Битола поаѓаше во 5.20 часот, а во Скопје пристигнуваше во 8.07 часот.

По надминувањето на оперативно техничките проблеми и создавање на услови за повторно воведување во сообраќај на возовите 541/540, јавноста навремено ќе биде известена.