За нас

Акционерското друштво за транспорт Македонски железници Транспорт АД – Скопје (МЖ Транспорт АД – Скопје), со одлука на Владата на Република Македонија, формирано е на 08-05-2007 година.

Основач на Друштвото е Владата на Република Македонија.

Фирмата и седиштето на Друштвото, како правен следбеник на ЈП Македонски железници Ц.О. – Скопје, е на улица „Трета македонска бригада“ бб, 1000 Скопје, Република Македонија.

МАКЕДОНСКИ ЖЕЛЕЗНИЦИ ТРАНСПОРТ АД – СКОПЈЕ

1000 СКОПЈЕ, ул. “Трета македонска бригада” б.б.

Поштенски фах: 547

Тел.: +389(0)2/3248-701

Факс: +389(0)2/3248-719

Факс: +389(0)2/3248-720

e-пошта: contact@mzt.mk

ЗА КОМПАНИЈАТА

Основната цел на Компанијата е обезбедување на високо-квалитетни транспортни услуги: безбеден, точен, удобен, навремен превоз на патници и стока во внатрешниот и меѓународниот железнички сообраќај. Едновремено, во Компанијата, да се обезбеди поголема продуктивност, искористеност на постоечките ресурси, развој, безбедна и здрава работна средина.

МЖ Транспорт АД – Скопје со своите средства нуди транспорт по принцип на одржливост на општествените вредности, а во функција на давање на квалитетни, доверливи, економски и еколошки прифатливи услуги за превоз на патници, стоки и услуги на влеча на возови, согласно потребите на заинтересираните страни.

Визијата на МЖ Транспорт АД – Скопје е да осигура услови за оптимален развој и интеграција, согласно препораките на UIC и директивите на ЕУ воспоставувајќи, на тој начин, модел на корпоративно управување врз принципи на пазарно работење – на задоволството, од една страна на корисниците на нашите услуги, а од друга и на вработените во Компанијата.

На тој начин, користејќи ја својата местоположба, вкрстување на коридорите 10 и 8, лесно може да се стекнеме со улога на национален лидер во превозот на патници и стока, но едновремено и најпосакуван превозник во соседството.