Почитувани патници,
По повод настанот Фестивал на пивото 2017 година во Прилеп, Македонски Железници Транспорт за овој настан ќе овозможи возовите кои тргнуваат од станица Скопје кон станица Прилеп во 17.10 часот и за враќање од станица Прилеп за станица Скопје во 03.50 часот да бидат со зголемен капацитет.
Ве информираме дека, викендот од 14-ти до 16-ти Јули е трет викенд во месецот за бесплатно патување млади лица до 27 години.
Поради зголемениот интерес за патување во овој период, а со цел за безбеден и сигурнен превоз, апелираме до граѓаните кои планираат да ги користат овие возови навремено да извадат резервации за патувањето и доплата за воз со повисок ранг.