Амбасадорот на Јапонија во Северна Македонија, Хиронори Савада ги посети канцелариите на ЖРСМ – Транспорт, каде се состана со Генералниот директор Аднан Азизи.
На средбата се дискутираше за сите можности за соработка помеѓу Македонски Железници и Јапонија, знаејќи ги достигнувањата на Јапонија во оваа област.