Генералниот директор г.Мајан Вејсели заедно со својот тим, го пречека на средба добро познатата компанија од Унгарија (Унгарски железници-транспорт) со претставници г. Норберт Корос основач и член на одборот, г. Андрас Вернес шеф за развој на бизнисот на RCH, г. Даниел Дезсо претставник на RCG и виш менаџер за продажба.
На почетокот на средбата,генералниот директор изрази благодарност за досегашната добра соработка, во овој дух се договорија за начинот на плаќање на стариот долг, по што беше крунисан нов договор потпишан од двете страни.
Разговорите продолжија на конструктивен начин,при што беше истакната можноста за зголемување на интензитетот на соработката, преку работни групи, во наредните години и особено во текот на 2023 година, каде што се очекува нашата институција преку вакви договори да ги удвои приходите.
Продуктивноста на состанокот ги принудува двете страни да се договорат за ваква идна средба на високо ниво.
На крајот,генералниот директор г. Мајан Вејсели, во име на ЖРСМ и во негово лично име им се заблагодари на гостите за времето на средбата и коректната соработка.

