Делегација на ЖРСМ Траспорт-АД Скопје, предводена од генералниот директор Зули Демири на покана на ЕУРОФИМА, учествуваше на Генералното Собрание во Цирих, Швајцарија🇨🇭. На Генералното Собрание на ЕУРОФИМА членките акционери, во чиј состав е и ЖРСМ Транспорт, гласаа за обновување на бордот директори на Управниот Одбор на оваа финансиска институција, а се дебатираше и по неколку други клучни точки во врска со финасирање на нови железнички поректи и нова железничка опрема.
За време на работната посета генералниот директор Зули Демири ја искористи можноста за средби со повеќе членки на ЕУРОФИМА каде се разговараше за можностите за осовременување на железничкиот сообраќај со чиј развој ќе се овозможи поголема конкурентност.