Развојот и модернизацијата на железниците на Северна Македонија е приоритет на Владата за брз економски развој на нашата земја.
Денеска во “Железници на Република Северна Македонија Транспорт” остварив средба со Министерот за транспорт и врски, Благој Бочварски, каде што зборувавме за развојот и унапредувањето на железничкиот транспорт во иднина, како и за решавање на проблемите кои се наметнуваат во секојдневното функционирање.


