По повод одбележувањето на 60 – годишнината од земјотресот во Скопје, генералниот директор на ЖРСМ-Траснпорт, АД Скопје, Зули Демири, на покана на претседателот на Република Северна Македонија, Стево Пендаровски присуствуваше на настан посветен на покренување на иницијатива за возобновување на муралот на Борко Лазески „Фреска за НОВ“ кој беше уништен во земјотресот во 1963 година.
Монументалниот мурал од 225 квадратни метри на сликарот Борко Лазески го красел холот на Старата скопска железничка станица и беше уништен во земјотресот во 1963 година. Муралот денеска претставува своевидна македонска „Герника“ и е вредно богатство за Скопје. Покровител на настанот беше претседателот
Пендаровски, а организатор беше Зоран Трифуновски директор на Јавното претпријатие за железничка инфраструктура – Железници на Република Северна Македонија – Скопје.
Генералниот директор Демири, упатува порака со најдлабока почит за загинатите во страотниот земјотерс кој се случи на 26 јули 1963 година. Земјотресот остави длабока лузна не само за семејствата на настраданите туку за целото наше општество.