Генералниот директор на ЖРСМ-Траснпорт, АД Скопје, Зулхи Демири, учествуваше на 102-то Генерално собрание на Mеѓународната железничка унија (UIC) кое се одржа во Париз, Франција. ЖРСМ-Траснпорт- АД Скопје како членка на UIC учествува во разговорите за развојот на железницата во светот, со што ќе се овозможи побрзо и поквалитетно вклучување на железницата во Северна Македонија, во развиен европски и светски систем.
На Генералното собрание се говореше за дигитализација во железничкиот сообраќај, за одржлив, интегриран, поврзан меѓународен синџир на мобилност на железниците во Европските региони-членки на UIC. Како точка на дневен ред беа и заклучоците од состанокот на Европската Комисија за управување со железничкиот сообраќај, каде беше ставен акцент на намалувањето на загадувањето со CO2, преку користењето на возовите, како најеколошко, а воедно и најекономско превозно средство. Се дискутираше за промоција на железничкиот транспорт преку експертиза и градење на капацитети, како и споделување на знаење преку трансфер на експерти од областа.
Генералниот директор на ЖРСМ Траснпорт – АД Скопје, Демири оствари и средба со претседателот на UIC, Франсоа Давен.