Генералниот директор на ЖРСМ – Транспорт Аднан Азизи заедно со Директорот на Влеча и одржување на возните средства г.Сашко Ангеловски на 17 и 18 декември престојуваа во Република Турција, каде се сретнаа со генералниот директор на Турски Железници, г. Али Ихсан Ујгун.
Тие се состанаа и со раководството на ТЦДД, каде разговараа за сите можности за соработка меѓу двете компании.

Азизи и г.Ангеловски потоа ја посетија фабриката за одржување на брзи возови, каде разговараа за можностите за соработка за сервисирање и одржување на возовите ЖРСМ – Транспорт.

Директорот Азизи од Турција дојде со добра вест дека за краток временски период ќе пристигнат две локомотиви кои ќе бидат во служба на ЖРСМ – Транспорт.