



На ден 14.09.2023 година, на Новата Железничка станица во Белград, Р. Србија, Генералниот Директор на ЖРСМ Транспорт АД-Скопје, Зули Демири, присуствуваше на Презентација на Пректот за Дигитално автоматско спојување – DAC (Digital Automatic Coupler) за Југоисточна Европа.
На оваа презентација се претстави иновативната компонента DAC – Дигитално автоматско спојување и раздвојување на шински возила во товарниот сообраќај, како физички (механичка врска и воздушна линија за сопирање), така и дигитално (електрично напојување и врска за пренос на податоци). Дигитално автоматско спојување (DAC) е од клучно значење за железниците, чија цел е да го овозможи потребното зголемување на ефикасноста и транспарентноста на железничкиот товарен сообраќај.
Оваа презентација беше организирана од страна на Транспортната заедница на ЕУ, DAC4EU, Министерството за транспорт и инфраструктура на Р. Србија и Министерството за дигитализација и транспорт на Р. Србија, а присуствува Генералните директори, Директори од менаџерски бордови и членови од Кабинети на железнички транспортни компании и инфраструктура од Балканот и ЕУ, меѓу кои и Генералниот директор, претставници од менаџерскиот борд и Кабинетот на Генералниот директор на ЖРСМ Транспорт АД-Скопје.
За време на одржувањето на презентацијата на Дигитално автоматско спојување-DAC (Digital Automatic Coupler) за Југоисточна Европа, свој говор одржаа ЕУ Амбасадорот на Р. Србија, Министерот за Транспорт и инфраструктура на Р. Србија, DAC Амбасадорот, Генералниот директор на Србија Карго и др.
Според изјавата на Генералниот Директор на ЖРСМ Транспорт АД-Скопје, Зули Демири, оваа иновативна компонента, која е од клучно значење, наскоро се планира да се имплементира и во ЖРСМ Транспорт АД-Скопје, со цел зголемување на ефективноста, ефикасноста и транспарентноста во работењето на железничкиот товарен сообраќај.