Денес Генералниот директор на ЖРСМ Транспорт АД-Скопје, г. Majan Vejseli и Директорот на патнички сообраќај г. Саша Јовановски, на железничката станица Велес ги пречекаа г. Дејвид Гир, Амбасадорот на Европската Унија во Република Северна Македонија и групата на Млади амбасадори кои светскиот ден без автомобили 22-ри септември, покрај другите активности, го одбележаа со возење во патнички воз на релација Велес – Скопје.
На средбата, г. Дејвид Гир, Амбасадорoт на Европската Унија во Република Северна Македонија и г. Majan Vejseli, Генералниот директор на ЖРСМ Транспорт АД-Скопје и Директорот на патнички сообраќај г. Саша Јовановски ги разменија пораките за подигнување на свесноста на граѓаните како носители на позитивни општествени промени и нивно поттикнување во понатамошното користење на железничкиот сообраќај, како најекономско и најеколошко превозно средство.


