За потреба од засновање на работен однос со 32 (триесет и два) работника за извршување на работи на определено време, во ЖРСМ Транспорт АД - Скопје.
Кандидатите, покрај општите услови утврдени со закон, треба да ги исполнуваат посебните услови за пополнување на следните работни места:
- 5 (пет) извршители на работно место Машиновозач - приправник, во Единица Лисиче во РЕ Влеча во Подружница за влеча на возови, со средна стручна подготовка IV степен - машиновозач, да ги исполнува потребните здравствени услови за железнички работник утврдени во Правилникот за формата и содржината на образецот на барањето за утврдување на физичката и психолошката способност, начинот на нивното утврдување, проверките и роковите за редовен и вонреден здраствен преглед на машиновозач (Сл.весник на РМ бр.136/13), без работно искуство, за кое работно место приправничката нето плата изнесува 14.623,00 денари.
- 8 (осум) извршители на работно место Кондуктер – приправник, во РЕ Скопје, во Подружница за патнички сообраќај, средна стручна подготовка, IV степен, насока сообраќајна-транспортна, железничка и општа, да ги исполнува потребните здравствени услови за железнички работник утврдени во Правилникот за формата и содржината на образецот на барањето за утврдување на физичката и психолошката способност, начинот на нивното утврдување, проверките и роковите за редовен и вонреден здраствен преглед на другите железнички работници (Сл.весник на РМ бр.136/13), без работно искуство, за кое работно место приправничката нето плата изнесува 13.059,00 денари.
- 2 (два) извршители на работно место Благајник на билети – приправник, во РЕ Скопје, во Подружница за патнички сообраќај, средна стручна подготовка, IV степен, насока сообраќајна-транспортна, комерцијална-железничка и општа, без работно искуство, за кое работно место приправничката нето плата изнесува 13.059,00 денари.
- 1 (еден) извршител на работно место Благајник на билети – приправник, во РЕ Велес ст. Велес, во Подружница за патнички сообраќај, средна стручна подготовка, IV степен, насока сообраќајна-транспортна, комерцијална-железничка и општа, без работно искуство, за кое работно место приправничката нето плата изнесува 12.863,00 денари.
- 1 (еден) извршител на работно место Благајник на билети – приправник, во РЕ Велес ст. Гевгелија, во Подружница за патнички сообраќај, средна стручна подготовка, IV степен, насока сообраќајна-транспортна, комерцијална-железничка и општа, без работно искуство, за кое работно место приправничката нето плата изнесува 12.863,00 денари.
- 3 (три) извршители на работно место Хигиеничар, во Одделение за патнички сообраќај, во Сектор за патнички сообраќај, со средна стручна подготовка IV степен или основно образование I/II/III/IV степен, насока општа, без работно искуство, за кое работно место нето плата изнесува 12.961,00 денари.
- 5 (пет) извршители на работно место Маневрист-приправник, во РЕ Трубарево, Скопје-Југ, во Подружница за товарен сообраќај, средна стручна подготовка, III степен, насока сообраќајна-транспортна, железничка и општа, да ги исполнува потребните здравствени услови за железнички работник утврдени во Правилникот за формата и содржината на образецот на барањето за утврдување на физичката и психолошката способност, начинот на нивното утврдување, проверките и роковите за редовен и вонреден здраствен преглед на другите железнички работници (Сл.весник на РМ бр.136/13), без работно искуство, за кое работно место приправничката нето плата изнесува 13.841,00 денари.
- 2 (два) извршители на работно место Маневрист-приправник, во РЕ Велес, во Подружница за товарен сообраќај, средна стручна подготовка, III степен, насока сообраќајна-транспортна, железничка и општа, да ги исполнува потребните здравствени услови за железнички работник утврдени во Правилникот за формата и содржината на образецот на барањето за утврдување на физичката и психолошката способност, начинот на нивното утврдување, проверките и роковите за редовен и вонреден здраствен преглед на другите железнички работници (Сл.весник на РМ бр.136/13), без работно искуство, за кое работно место приправничката нето плата изнесува 13.841,00 денари.
- 2 (два) извршители на работно место Сообраќаен транспортен комерцијалист – приправник, во РЕ Скопје Југ, во Подружница за товарен сообраќај, средна стручна подготовка, IV степен, насока сообраќајна-транспортна, комерцијална без работно искуство, за кое работно место приправничката нето плата изнесува 13.645,00 денари.
- 1 (еден) извршител на работно место Безбедносен работник во Одделение за корпоративни функции, во Секторот за правни работи, човечки ресурси и корпоративни функции, средна стручна подготовка, IV степен, насока општа, лиценца за вршење работи на обезбедување на лица и имот, без работно искуство, за кое работно место нето платата изнесува 14.916,00 денари.
- 1 (еден) извршител на работно место Возач во Одделение за корпоративни функции, во Секторот за правни работи, човечки ресурси и корпоративни функции, средна стручна подготовка, III/IV степен, насока сообраќајна или општа, возачка дозвола за Б категорија, без работно искуство, за кое работно место нето платата изнесува 17.850,00 денари.
- 1 (еден) извршител на работно место Преведувач од албански јазик на македонски јазик и обратно во Одделение за меѓународни односи, со висока стручна подготовка VII/1 степен или по национална рамка за ВОК/ЕКТС – VIA 240 EКТС – Филолошки факултет и Правен, без работно искуство, за кое работно место нето платата изнесува 21.272,00 денари.
Кандидатите со пријавата во која се наведува исклучиво едно работно место за кое се аплицира, да ги достават и потребните документи во зависност од наведените услови за конкретното работно место за кое аплицираат и тоа:
- Пополнет ОБРАЗЕЦ- ПРИЈАВА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ кој е своерачно потпишан од Кандидатот. (Важна напомена: Со еден потполнет и потпишан образец - Пријава за вработување, кандидатот може да аплицира само за едно работно место од огласот).
Образецот –Пријавата за вработување е објавена на веб страната на ЖРСМ Транспорт АД – Скопје која гласи: www.mzt.mk
- Кратка биографија (CV) на македонски јазик;
- Доказ за завршено образование (во оригинал или копија заверена кај нотар);
- Уверение за државјанство (копија);
- Фотокопија од важечка лична карта на Кандидатот;
- За работното место под бр. 10 – Безбедносен работник, лиценца за вршење работи на обезбедување на лица и имот;
- За работното место под бр. 11 – Возач, важечка дозвола за Б категорија (во оригинал или копија заверена кај нотар)
Огласот трае 3 (три) работни дена од денот на објавувањето (не сметајќи го денот на објавувањето).
Изборот на пријавените кандидати ќе се изврши во рок од 45/90/120 дена по истекот на рокот за пријавувањето во зависност од бројот на пријавените кандидати.
Работниот однос се заснова на определено време.
Работната недела трае 5 работни дена, полното работно време изнесува 40 часа неделно. Работното време на работните места под бр. 11 и 12 е 8 (осум) работни часа дневно, почетокот и завршетокот на дневното работно време е од 7.30 часот до 15.30, со право на пауза во текот на дневната работа во траење од 30 минути, во периодот од 10.30 часот до 11,00 часот.
За работните места под бр. 1, 2, 3, 4, 5, 6, 7, 8, 9 и 10 работното време ќе биде определено со турнус.
За работните места под бр. 1, 7 и 8 пред склучувањето на Договорот за вработување, кандидатот задолжително ќе биде упатен на здравствен преглед и од резултатите на истиот, ќе зависи склучувањето на Договорот.
Кандидатите се должни образецот – ПРИЈАВА ЗА ВРАБОТУВАЊЕ, објавен на веб страната на ЖРСМ Транспорт АД – Скопје да ја потполнат во целост, прецизно и со точни податоци.
Ненавремено доставените, како и некомплетните пријави, нема да се земат во предвид при разгледувањето.
Рокот за доставување на пријавите и документите на заинтересираните кандидати изнесува 3 (три) работни дена, сметано од наредниот ден од денот на објавувањето на огласот (не сметајќи го денот на објавувањето).
Сите апликации ќе бидат обработени со максимална доверливост.
За извршениот избор пријавените кандидатите ќе бидат известени во рок од 5 (пет) работни дена од денот на склучувањето на договорот за вработување со избраниот кандидат.
Потребните документи да се достават на адресата на ЖРСМ Транспорт АД - Скопје, со назнака за јавен оглас, по пошта или архивата на ЖРСМ Транспорт АД - Скопје, на Бул. 3-та Македонска Бригада бр.66, секој работен ден од 08.00 до 14.00 часот.
Број: 2652/1
21.12.2020 година
Скопје ЖРСМ Транспорт АД - Скопје
Превземање на оглас: тука
Превземање на пријава: тука