Почитувани Железничари По повод 9-Ти Април, Денот на Железничарите, сакам да Ви упатам искрена честитка и да Ви посакам многу успех во понатамошното работење.
Како и цел свет, така и ние како компанија, во моментов се соочуваме со оваа вонредна и тешка состојба како резултат на глобалната пандемија предизвикана од вирусот COVID 19, за која се надеваме дека брзо ќе заврши и многу брзо ќе ја надминеме истата. Во ова тешко време кое сериозно може да ја наруши нашата решителност како на професионален, така и на приватен план, од големо значење е да работиме свесно и колективно, и да ги надминеме сите пречки кои стојат пред нас, со цел, ефикасно да одговориме на предизвиците со кои се соочува нашата компанија. Затоа, искрено порачувам да го чуваме нашето здравје, да бидеме безбедни, а со тоа ќе придонесеме и сите наши колеги Железничари околу нас да бидат здрави и безбедно да ги извршуваат своите работни обврски.
Со почит до сите Вас,
Orhan Murtezani Генерален директор