ЖРСМ ТРАНСПОРТ АД СКОПЈЕ
Број: 511/1
02.03.2022 година
Скопје
Врз основа на член 26 од Статутот на ЖРСМ Транспорт АД-Скопје, ја донесувам следната
О Д Л У К А
1.СЕ ПОНИШТУВА Одлука за вработување на работници на определено време во ЖРСМ Транспорт АД – Скопје заведена под број 378/1 од 11.02.2022 година и објавениот Јавен оглас за потреба од засновање на работен однос на 80 (осумдесет) работника за извршување на работи на определено време во ЖРСМ Транспорт АД – Скопје заведен под број 379/1 од 11.02.2022 година;
2.Одлуката стапува во сила со денот на донесувањето;
3.Одлуката да се достави до соодветни субјекти.
О б р а з л о ж е н и е
ЖРСМ Транспорт – АД Скопје на ден 11.02.2022 година донесе Одлука број 378/1, врз основа на која во дневните весници „Нова Македонија“ и „Lajm“ на ден 14.02.2022 година објави Јавен оглас број 379/1.
Одлуката и Јавниот оглас се поништуваат поради тешката финансиска состојба за месец Март на Друштвото.
Согласно горе изнесеното ценејќи ја реално утврдена фактичка состојба, се одлучи како во диспозитивот на овој акт.
ЖРСМ Транспорт АД Скопје