Во седиштето на УИЦ во Париз, Франција, на 11.12.2019 година се одржа 95-то Генерално Собрание на УИЦ, чија активна членка е и ЖРСМ Транспорт АД-Скопје, а на кое учествуваше и Генералниот директор на ЖРСМ Транспорт АД-Скопје, Orhan Murtezani. На 95-то Генерално Собрание на УИЦ се дискутираше за Стратешкиот план на УИЦ, за целокупната програма за работењето, истражувањата и иновациите во железничкиот сектор, како и за областите на фокусирање во кои ќе треба да се насочат меѓународните железници, членки на УИЦ, во претстојната 2020 година. За време на Генералното Собрание, Генералниот директор на ЖРСМ Транспорт АД-Скопје, Orhan Murtezani, оствари и директна средба со Генералниот директор на УИЦ, Франсоа Давен, кој ја понуди својата целосна подршка во понатамошно работењето на Железници на Република Северна Македонија Транспорт АД-Скопје.