На ден 24.09.2019 година, Генералниот директор на ЖРСМ Транспорт АД-Скопје, Orhan Murtezani, го посети Меѓународниот саем за железници TRAKO 13 кој се одржа во Гданск, Полска.
На 03.10.2019 година, во Белград, Р. Србија, во Кабинетот на Генералниот директор на Србија Карго, се одржа трилатерален состанок на високо ниво меѓу претставници од Србија Карго, Rail Cargo Hungaria и претставниците од Железници на Република Северна Македонија Транспорт АД-Скопје, Орхан Муртезани, Генерален директор и Милчо Смилевски, Директор на товарен сообраќај.
На овој трилатерален состанок се дискутираше на повеќе теми од областа на товарниот превоз. Се анализираше досегашното работење и се посочија предизвиците со кои во моментов се соочуваат овие три компании во онос на товарниот превоз. Текот на состанокот беше во насока на изнаоѓање начин на зголемување на товарниот превоз, а сè со цел подобрување на нивото на услугите кон клиентите.