Генералниот директор на Македонски железници Транспорт, Орхан Муртезани, деновиве престојува во Кина на увид на три од четири електрични локомотиви пред истите да бидат испратени во Македонија.
Во видео порака, првиот човек на јавното претпријатие МЖ Транспорт се обрати пред јавноста, најавувајќи дека наскоро железничката пруга ќе има четири нови електро локомотиви од 8 милиони евра. едната локомотива веќе пристигна во Македонија, но треба да го мине техничкиот преглед.
Оваа инвестиција е финансирана од Светската банка преку договор кој беше потпишан со техничката влада во 2016. more information