+389(0)2/3164-255 mztransportad@mztransportad.com.mk
  • Форум
  • Најава
  • Регистрација
Железници на Република Северна Македонија Транспорт  А.Д. Скопје Железници на Република Северна Македонија Транспорт  А.Д. Скопје Железници на Република Северна Македонија Транспорт  А.Д. Скопје
  • Почетна
  • Возен Ред
    • Поаѓање од Скопје
    • Пристигање во Скопје
    • Патнички Воз
      • Меѓународни Патувања
      • Продажба на Билети
      • Прирачник за Патници
  • Товарен Превоз
    • Транспортни Услуги
    • Тарифи
    • Вагони
  • Влеча на Возови
    • Превозни и влечни капацитети
    • Капацитети за намирување
    • Ремонт и други услуги
  • Новости
  • За Нас
    • Визија и Мисија
    • Менаџмент
    • Нашата Историја
    • Информации од јавен карактер
    • Нашите Вработени
  • Контакт
    • Сите Железнички Станици
  • mk
  • Home
  • /
  • Железници
  • /
  • Одржан работен состанок помеѓу Сојузот на синдикати на Македонија и претставници на МЖ Транспорт АД – Скопје

Одржан работен состанок помеѓу Сојузот на синдикати на Македонија и претставници на МЖ Транспорт АД – Скопје

август 13, 2016

На ден 03.08.2016 година се одржа состанок помеѓу Претседателот на ССМ д-р Живко Митревски и претставниците на Македонски железнициТранспорт АД – Скопје – Генерален директор Никола Костов, Јулијана Веригиќ, директор на правен сектор и претставниците на синдикалните организации Ѓоко Илиевски, Јован Симоновски и Јонче Спасовски.

Генералниот директор ја образложи тешката финансиска состојба на МЖ Транспорт поради блокадите и штрајковите од Грчка страна (Грчки железници, пристаниште во Солун и мигрантската криза) кои во временски период од четири месеци колку што трае блокадата допринесоа за големи и тешки финансиски импликации во комерцијалното работење на друштвото.

Во овој период немаше превози на Коридорот 10, се откажаа сите комерцијални договори затоа што беше прекинат целиот превоз на стоки, а таквата состојба предизвика катастрофални последици кон целокупното Македонско стопанство и допринесоа до директна материјална штета од приближно  5.000.000,00 евра, која се одрази врз тековното редовно намирување на тековните обврски кон коминтентите.

За оваа претрпена штета кон Македонски железници беа известени сите надлежни институции како во Македонија, така и во ЕУ со барање за материјална и финансиска подршка, но за жал, покрај разбирањето и вербалната подршка од институциите во Европската унија не е добиена никаква материјална помош за ублажување на претрпените штети.

МЖ Транспорт во овој период ги исплаќаше редовно платите од сопствените резерви, односно од приходите остварени во текот на минатата година.

Во оваа насока согласно претходно изложеното е побарано подршка од ССМ пред надлежните институции за решавање и разбирање во надминување на проблемите на задоволство како на вработените така и на коминтентите.

Share:
prev post next post

Побарувај

Последни новости

  • ЈАВЕН ОГЛAС

    декември 24, 2020
  • Амбасадорот на Јапонија ги посети канцелариите

    декември 23, 2020
  • Директорот Азизи на официјална посета во

    декември 23, 2020
  • Времено Укинување на Бесплатниот Превоз со Воз

    Одлука за поништување на Јавен Оглас

    декември 22, 2020

Kërko

Lajmet e fundit

  • ЈАВЕН ОГЛAС

    декември 24, 2020
  • Амбасадорот на Јапонија ги посети канцелариите

    декември 23, 2020
  • Директорот Азизи на официјална посета во

    декември 23, 2020
  • Времено Укинување на Бесплатниот Превоз со Воз

    Одлука за поништување на Јавен Оглас

    декември 22, 2020
  • mk