Назив на проект Проект за обнова на возен парк
Држава Македонија
Сектор Транспорт
Бр. на Проект 43997
Средства на финансирање ЕБОР
Вид на договор Стоки
Вид на известување БАРАЊЕ ЗА ПРИБИРАЊЕ НА ПОНУДИ
Датум на издавање 29 јануари 2018
Краен рок 21 март 2018
Оваа Барање за прибирање на понуди се однесува на Генералното известување за набавки за овој Проект, кое е објавено на интернет страната од Европската Банка за Обнова и Развој (Банката), Известување за набавки (www.ebrd.com) на 4-ти Октомври 2017.
Македонски железници Транспорт АД (МЖТ АД) и Јавно претпријатие Македонски железници Инфраструктура (ЈП МЖИ), во понатамошен текст „Клиент“ планира да искористи дел од средствата од заемот од Банката за трошоци за Железничкиот коридор VIII: Проект во прва фаза и Проект за обнова на возен парк на Македонски железници
Клиентот ги поканува понудувачите да ги достават своите затворени понуди за договорот за поставување на ЕМИС (EMIS), кој ќе биде финансиран со дел од средствата од заемот:
За повеќе информации на следниот линк:
• Дел бр. 1: РЕШЕНИЈА ВО ПОДВИЖНИ ЕЛЕКТРИЧНИ УРЕДИ
• Дел бр. 2: РЕШЕНИЈА ВО ПОДВИЖНИ ДИЗЕЛ УРЕДИ
• Дел бр. 3: РЕШЕНИЈА ВО ФИКСНИ ЕЛЕКТРИЧНИ УРЕДИ
• Дел бр. 4: РЕШЕНИЈА ВО ФИКСНИ ДИЗЕЛ УРЕДИ
• Дел бр. 5: ИТ-ОПРЕМА
Доставувањето за сите делови е во рок од 120 денови од датумот на потпишување на Договорот.
Понудувачите може да достават понуда за еден или за повеќе делови. Цените за секој дел треба да поднесуваат одделно. Понудувачите за повеќе од еден дел може да понудат попусти, а таквите попусти ќе се земаат во предвид при споредба на понудите.
Доставувањето на понуди за договорот, кој ќе биде финансиран со средства од заемот од Банката, е дозволено за фирми од секоја земја.
За да се квалификуваат за доделување на договор, понудувачите треба да ги задоволат минималните критериуми што се наведени во тендерската документација, а се наведени подолу за информација:
• Да нема постојана историја на парнични и/или судски постапки против Понудувачот или некој негов партнер во Конзорциумот;
• Да ја прикажува тековната ликвидност на неговата финансиска состојба и неговата перспективна профитабилност на долг рок.
• Да прикаже минимален просечен годишен обрт, пресметан како вкупно потврдени плаќања за тековни или завршени договори во последните три (3) години т.е. 2014-2016, од најмалку:
o Дел бр. 1: ЕУР 1,200,000
o Дел бр. 2: ЕУР 600,000
o Дел бр. 3: ЕУР 400,000
o Дел бр. 4: ЕУР 200,000
o Дел бр. 5: ЕУР 450,000
• Да прикажат пристап или достапност до финансиски средства како што се ликвидни средства, незадолжен имот, кредитни линии и други финансиски средства, освен договорни авансни уплати, со кои ги исполнуваат следниве услови за паричен тек без други обврски:
o Дел бр. 1: ЕУР 200,000
o Дел бр. 2: ЕУР 100,000
o Дел бр. 3: ЕУР 70,000
o Дел бр. 4: ЕУР 35,000
o Дел бр. 5: ЕУР 80,000
• Да прикажат искуство како Добавувач, во најмалку два (2) договори во последните пет (5) години, т.е. 2013 – 2017, и тоа соодветно за секој дел во вредност од најмалку:
o Дел бр. 1: ЕУР 160,000
o Дел бр. 2: ЕУР 80,000
o Дел бр. 3: ЕУР 50,000
o Дел бр. 4: ЕУР 25,000
o Дел бр. 5: ЕУР 60,000
• Конзорциумот треба да ги исполнува соодветните минимални услови за секој партнер, како што е наведено во тендерската документација.
Тендерската документација може да се добие од долунаведената адреса по уплаќање на неповратен надомест од сто и педесет (150) ЕВРА.
Неповратниот надомест може да се изврши преку банкарска трансакција на следнава сметка:
Износ: 150.00
Назив на банка: SPARKASE BANKA MAKEDONIJA AD SKOPJE
Адреса на банка: Makedonija street 9-11, P.F. 385
Град, држава: 1000 Skopje, Republic of Macedonia
Цел на дознака: Tender dossier for supply of EMIS hardware
Корисник IBAN: MK 07250029000036470
SWIFT BIC: INSBMK 22
Назив на корисник: MAKEDONSKI ZELEZNICI TRANSPORT AD SKOPJE
Адреса на корисник: III Makedonska brigada br. 66
Град, држава: 1000 Skopje, Republic of Macedonia
Плаќањето во македонски денари (МКД) ќе се врши по средниот менувачки курс од Народната Банка на Македонија на денот на плаќање преку банкарска трансакција на следнава сметка:
Назив на банка: SPARKASE BANKA MAKEDONIJA AD SKOPJE
Адреса на банка: III Makedonija 9-11, P.F. 385
Град, држава: 1000 Skopje, Republic of Macedonia
Цел на дознака / Cel na uplata: Podignuvanje na tenderska dokumentacija za EMIS hardver
Назив на корисник: MAKEDONSKI ZELEZNICI TRANSPORT AD SKOPJE
Адреса на корисник: III Makedonska brigada br. 66
Град, држава: 1000 Skopje, Republic of Macedonia
Бр. на сметка: 250029000036470
Потврдата од уплатата треба да се испрати до долунаведената адреса со допис за барање на тендерска документација.
По добивање на соодветен доказ за уплата на неповратен надомест, документите веднаш ќе бидат испратени по курир, но нема да се прифаќа одговорност при губење или задоцнето доставување. Ако е потребно документите може да се испратат и електронски, ако евентуалниот понудувач приложи соодветен доказ за уплата на неповратен надомест. Во случај на разлика помеѓу електронската и хартиената копија на документацијата, за важечка ќе се смета хартиената форма.
Сите понуди треба да бидат придружени со гаранција на понудата согласно параграф 19.1 од тендерската документација, како што е наведено подолу:
Дел бр. Дел 1 Дел 2 Дел 3 Дел 4 Дел 5
Износ на гаранција на понуда (ЕУР) 10,000 5,000 4,000 2,000 4,000
Понудите треба да се достават до долунаведената адреса на или пред 13:00 ч, 21 март 2018, по локално време, кога и ќе биде отворањето во присуство на оние претставници од понудувачите кои ќе сакаат да присуствуваат.
Важечки правила за набавка се Правилата и политиките за набавка од Банката (PP&R), кои може да се најдат на:
http://www.ebrd.com/news/publications/policies/procurement-policies-and-rules.html
Увид на потенцијалните понудувачи кои платиле за тендерската документација може да се добие на долунаведената адреса.
Дополнителни инормации, увид и барање на тендерска документација, потенцијалните понудувачи може да побараат на следнава адреса:
Назив на Договор: Набавка на Стоки за Железнички коридор VIII: Прва фаза/Проект за обнова на возен парк – Хардвер за ЕМИС (EMIS) и поврзани услуги
Назив на клиент: Македонски железници Транспорт АД (МЖТ АД) и Јавно претпријатие Македонски железници Инфраструктура (ЈП МЖИ)
Адреса:
Македонски железници Транспорт АД Скопје,
III Македонска бригада бб., 1000 Скопје, Република Македонија
Факс: +389 2 3248719
Е-пошта: kiredimanoski@mztransportad.com.mk
Датум: 26 јануари 2018