Нашите Вработени

24/7 ДОСТАПНИ

Услуга за нашите клиенти или преку телефони или преку нашата интернет страница кои се достапни нон-стоп

СТРУЧЕН КАДАР

Нашата компанија располага со стручен тим од различни области кои имаат долгогодишно искуство со различни клиенти

НИСKИ ТРОШОЦИ

Нашите транспортни услуги се секогаш по поволни цени

ЗА НАШИТЕ ВРАБОТЕНИ

Најважниот ресурс и сила на МЖ Транспорт АД Скопје се нашите вработени.Основен став во стратегијата на менаџерскиот тим е дека при спроведување на целите главен двигател се човечките ресурси. Тргнувајќи од карактерот на дејноста на нашата компанија која бара безбедност и сигурност при превоз на стока и патници , потребно е континуирано јакнење на доверба и соработка со клиентите.
За остварување на истото се наложува следното:

Унапредување на знаењето

Постојана потреба за унапредување на знаењето и вештините на нашите вработени

Оцена на перформансите и наградување

Постојано образование, развој и оцена на перформансите и наградување

Интерперсонални односи меѓу вработените

Градење на правилни интерперсонални односи меѓу вработените  и работодавачот преку колективни преговарања, почитување на законските прописи од областа на трудот и работните односи

Унапредување на работните услови

Програми за намалување на стресот, намалување на незгодите и повреди на работа, советување и др.согласно Законот за безбедност и здравје при работа

Мотивација и организациска клима

Проактивен пристап за задоволување на потребите на нашите вработени и нивно мотивирање.

Вклученоста на нашите вработени

Обезбедување средина за отворена и транспарентна комуникација

Бројот и структурата на вработените по подружници

1
Менаџерски тим
1
Влеча на возови
1
Патнички сообраќај
1
Дирекција
1
Товарен сообраќај