Орхан Муртезани, Генералниот директор на ЖРСМ Транспорт АД-Скопје, на трилатерален состанок во Белград

Генералниот директор на ЖРСМ Транспорт АД-Скопје, на трилатерален состанок во Белград

На 03.10.2019 година, во Белград, Р. Србија, во Кабинетот на Генералниот директор на Србија Карго, се одржа трилатерален состанок на високо ниво меѓу претставници од Србија Карго, Rail Cargo Hungaria и претставниците од Железници на Република Северна Македонија Транспорт АД-Скопје, Орхан Муртезани, Генерален директор и Милчо Смилевски, Директор на товарен сообраќај.

На овој трилатерален состанок се дискутираше на повеќе теми од областа на товарниот превоз.  Се анализираше досегашното работење и се посочија предизвиците со кои во моментов се соочуваат овие три компании во онос на товарниот  превоз. Текот на состанокот беше во насока на изнаоѓање начин на зголемување на товарниот превоз, а сè со цел подобрување на нивото на услугите кон клиентите.