Прекин на сообраќајот на делницата Велес-Гевгелија

Прекин на сообраќајот на делницата Велес-Гевгелија

Македонски железници Транспорт АД ги информира патниците дека од 02.10.2018 година (вторник), поради појавени деформации на бетонскиот мост кој се наоѓа помеѓу станица Градско и крстосница Кукуричани, патниот правец Велес – Гевгелија е прекинат за сообраќај. Прекинот ќе трае до завршување на санацијата на дефектот, за што ќе бидете благовремено информирани. Во меѓувреме, возовите кои сообраќаа на релација Скопје-Гевгелија и Гевгелија-Скопје, ќе сообраќаат само до Велес и обратно.