
Понудата Interrail важи за: Австрија, Белгија Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Чешка Данска, Финска, Франција, Македонија, Германија, Велика Британија, Грција*, Унгарија, Ирска**, Италија*, Луксембург, Црна Гора, Холандија, Норвешка, Полска, Португалија, Романија, Србија, Словачка, Словенија, Шпанија, Шведска, Швајцарија, Турција.
*Оваа понуда важи и за бродска компанија Attica Group и Minoan Lines во поморски сообраќај помеѓу Грција и Италија.
** Република Ирска и Северна Ирска
Повеќе за Interrail понудите дознај овде.

Понудата , се применува за паушални возни цени за група до најмногу 5 возрасни лица и 1 дете со рок на важност на билетот од 1 месец.
Оваа понуда важи за сообраќај помеѓу:
-Македонија-Австрија
-Македонија-Хрватска
-Македонија-Словенија
-Македонија-Чешка
-Македонија-Словачка
Цените на билетите по оваа понуда се одредуваат во зависност од растојанието во одење и враќање и во транзит и бројот на патници кои патуваат заедно. Еден патник плаќа полн износ на возна цена, а сопатниците плаќаат половина од цената за возрасен патник, за дете се пресметува четвртина од цената за возрасен патник.
Билетите кои се издаваат за понудата Македонија-Австрија се дел од електронскиот систем за продажба кој е поврзан со расположливи билети во ограничена квота во резервациониот систем. Билетите за CITY STAR Австрија се издаваат за група до максимум 5 лица вклучувајќи и деца. За CITY STAR Австрија, сопатникот не добива дополнителен попуст, а за дете се плаќа половина од цената за возрасен.
Напомена: Билетите по понудата CITY STAR Македонија-Австрија се издаваат само ако патникот предходно направил резервација за место во еден од двата контигенти одредени за понудата CITY STAR. Резервацијата е бесплатна, а превозните цени за CITY STAR од контигент 1 се пониски за контигент 2. Резервационен електронски систем за меѓународен сообраќај се овозможува во станица Скопје.
Кај оваа понуда нема враќање на делумно искористени билети.

Понудата Balkan Flexipass важи за:
Бугарија, Македонија, Грција, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина,Република Српска, Турција и на поморската линија на Attica Group (помеѓу Грција и Италија).
Цени по понудата Balkan Flexipass изразени во евра.
Дознај повеќе за понудата и цените овде.
Цената на билетот по понудата Balkan Flexipass покрај временскиот период поминат во воз зависи и од возраста на патникот.
- Деца до 12 годишна возраст;
- Млади до 26 годишна возраст;
- Возрасни до 60 годишна возраст;
- Пензионери над 60 годишна возраст.
БОНУСИ СО БИЛЕТОТ Balkan Flexipass
Attica Group Superfast Ferries/Blue Star ferries/ANEK Lines
Носителите на Balkan Flexipass билетот може да патуваат бесплатно на Attica Group Superfast Ferries/Blue Star ferries/ANEK Lines, на меѓународните линии:
Анкона-Крф-Игуменица-Патра и обратно, Бари-Крф-Игуменица-Патра и обратно, Венеција-Игуменица-Патра и обратно. Во цената не е вклучено пристанишна такса, надоместок за сезона, надоместок за меѓу сезона.