+389(0)2/3248-701 mztransportad@mztransportad.com.mk
  • Форум
  • Најава
  • Регистрација
Железници на Република Северна Македонија Транспорт  А.Д. Скопје Железници на Република Северна Македонија Транспорт  А.Д. Скопје Железници на Република Северна Македонија Транспорт  А.Д. Скопје
  • Почетна
  • Патнички Превоз
    • Возен Ред
      • Поаѓање од Скопје
      • Пристигање во Скопје
    • Прирачник за Патници
    • Продажба на Билети
    • Меѓународни Патувања
    • Патнички Воз
  • Товарен Превоз
    • Транспортни Услуги
    • Тарифи
    • Комерцијални Повластици
    • Вагони
  • Влеча на Возови
    • Превозни и влечни капацитети
    • Капацитети за намирување
    • Ремонт и други услуги
  • Новости
  • За Нас
    • Визија и Мисија
    • Менаџмент
    • Нашата Историја
    • Нашите Вработени
  • Контакт
    • Сите Железнички Станици
  • Home
  • /
  • Services
  • /
  • Меѓународни Патувања

Понудата Interrail важи за: Австрија, Белгија Босна и Херцеговина, Бугарија, Хрватска, Чешка Данска, Финска, Франција, Македонија, Германија, Велика Британија, Грција*, Унгарија, Ирска**, Италија*, Луксембург, Црна Гора, Холандија, Норвешка, Полска, Португалија, Романија, Србија, Словачка,  Словенија, Шпанија, Шведска, Швајцарија, Турција.

*Оваа понуда важи и за бродска компанија Attica Group и Minoan Lines во поморски сообраќај помеѓу Грција и Италија.

** Република Ирска и Северна Ирска

Повеќе за Interrail понудите дознај овде.

 

Понудата , се применува за паушални возни цени за група до најмногу 5 возрасни лица и 1 дете со рок на важност на билетот од 1 месец.

Оваа понуда важи за сообраќај помеѓу:

-Македонија-Австрија
-Македонија-Хрватска
-Македонија-Словенија
-Македонија-Чешка
-Македонија-Словачка

Цените на билетите по оваа понуда се одредуваат во зависност од растојанието во одење и враќање и во транзит и бројот на патници кои патуваат заедно. Еден патник плаќа полн износ на возна цена, а сопатниците плаќаат половина од цената за возрасен патник, за дете се пресметува четвртина од цената за возрасен патник.

Билетите кои се издаваат за понудата Македонија-Австрија се дел од електронскиот систем за продажба кој е поврзан со расположливи билети во ограничена квота во резервациониот систем. Билетите за CITY STAR Австрија се издаваат за група до максимум 5 лица вклучувајќи и деца. За CITY STAR Австрија, сопатникот не добива дополнителен попуст, а за дете се плаќа половина од цената  за возрасен.

Напомена: Билетите по понудата CITY STAR Македонија-Австрија се издаваат само ако патникот предходно направил резервација за место во еден од двата контигенти одредени за понудата CITY STAR. Резервацијата е бесплатна, а превозните цени за CITY STAR   од контигент 1 се пониски за контигент 2. Резервационен електронски систем за меѓународен сообраќај се овозможува во станица Скопје.

Кај оваа понуда нема враќање на делумно искористени билети.

Понудата Balkan Flexipass важи за:

Бугарија, Македонија, Грција, Србија, Црна Гора, Босна и Херцеговина,Република Српска, Турција и на        поморската линија на  Attica Group (помеѓу Грција и Италија).

Цени по понудата Balkan Flexipass изразени во евра.

Дознај повеќе за понудата и цените овде.

Цената на билетот по понудата Balkan Flexipass покрај временскиот период поминат во воз зависи и од возраста на патникот.

  • Деца до 12 годишна возраст;
  • Млади до 26 годишна возраст;
  • Возрасни до 60 годишна возраст;
  • Пензионери над 60 годишна возраст.

 БОНУСИ СО БИЛЕТОТ  Balkan Flexipass

Attica Group Superfast Ferries/Blue Star ferries/ANEK Lines

Носителите на Balkan Flexipass билетот може да патуваат бесплатно на Attica Group Superfast Ferries/Blue Star ferries/ANEK Lines, на меѓународните линии:

Анкона-Крф-Игуменица-Патра и обратно, Бари-Крф-Игуменица-Патра и обратно, Венеција-Игуменица-Патра и обратно. Во цената не е вклучено пристанишна такса, надоместок за сезона, надоместок  за меѓу сезона.

ЗА НАС

Основната дејност на Македонските железници Транспорт АД- Скопје е превозот на стока и патници. Со околу 1296 вработени и со 699 км пруга низ цела Северна Македонија.

КОРИСНИ ЛИНКОВИ

  • За Нас
  • Правна Регулатива
  • Транспортни Услуги
  • Прирачник за Патници

ИНФО ОД ЈАВЕН КАРАКТЕР

  • Информации од јавен карактер
  • Правна Регулатива
  • Јавни Набавки
  • Пристап до информации од јавен карактер

КОНТАКТ ИНФО

ул. „Трета македонска бригада“ бр. бб, Скопје

+389(0)2/3248-701

Email : mztransportad@mztransport.com.mk
2019 © Железници на Република Северна Македонија ТРАНСПОРТ А.Д. Скопје. Сите права задржани.