Македонски железници Транспорт АД, информира, дека од 30 септември (недела) ќе престанат да сообраќаат сезонските возови 334/335 кои сообраќаа на релацијата Солун-Скопје-Белград и обратно. За последен пат оваа година возовите во двата правци ќе тргнат според важечкиот возен ред на 30.09. (недела) , а од 01.10.2018 година (понеделник) ќе престанат да сообраќаат. За термините кога повторно овие возови ќе почнат да сообраќаат, ќе се договорат железничките управи на трите држави за што навремено ќе известиме.