За Нас

ЖЕЛЕЗНИЦИ НА РЕПУБЛИКА СЕВЕРНА МАКЕДОНИЈА ТРАНСПОРТ

А.Д. Скопје

Основната цел на Компанијата е обезбедување на високо-квалитетни транспортни услуги: безбеден, точен, удобен, навремен превоз на патници и стока во внатрешниот и меѓународниот железнички сообраќај. Едновремено, во Компанијата, да се обезбеди поголема продуктивност, искористеност на постоечките ресурси, развој, безбедна и здрава работна средина.

СМЖ Транспорт АД – Скопје со своите средства нуди транспорт по принцип на одржливост на општествените вредности, а во функција на давање на квалитетни, доверливи, економски и еколошки прифатливи услуги за превоз на патници, стоки и услуги на влеча на возови, согласно потребите на заинтересираните страни.

Визијата на СМЖ Транспорт АД – Скопје е да осигура услови за оптимален развој и интеграција, согласно препораките на UIC и директивите на ЕУ воспоставувајќи, на тој начин, модел на корпоративно управување врз принципи на пазарно работење – на задоволството, од една страна на корисниците на нашите услуги, а од друга и на вработените во Компанијата.

На тој начин, користејќи ја својата местоположба, вкрстување на коридорите 10 и 8, лесно може да се стекнеме со улога на национален лидер во превозот на патници и стока, но едновремено и најпосакуван превозник во соседството.

НИЕ НУДИМЕ

Конвенционален превоз на стоки во отворени и затворени вагони

М.Ж. Транспорт има контејнерски терминал во Скопје Товарна, кој располага со соодветна техничка опрема, што овозможува утовар и истовар на товарени и празни контејнери.

Контејнерски превоз може да се врши до секоја станицана М.Ж. Транспорт, отворена за товарен сообраќај ако утоварно-истоварните операции на контејнерот се извршуваат на самиот вагон.

Нудиме логистички услуги во областа на конвенционалниот транспорт на вагони и контејнери низ пругите во Македонија и во странство.

  • Превоз на растресита стока (жито, мелена руда и др.)
  • Превоз на течни горива во специјализирани вагони;
  • Превозна стока во контејнери на специјални плато вагони;
  • Превозна стока во редовни маршрутни возови;​
  • Превоз на особени пратки;
  • Превоз на живи животни;
  • Превоз на опасни материи.

24/7 ДОСТАПНИ

Услуга за нашите клиенти или преку телефони или преку нашата интернет страница кои се достапни нон-стоп

СТРУЧЕН КАДАР

Нашата компанија располага со стручен тим од различни области кои имаат долгогодишно искуство со различни клиенти

НИСKИ ТРОШОЦИ

Нашите транспортни услуги се секогаш по поволни цени

НАШИТЕ УСЛУГИ

Дознајте повеќе за нашите патнички и товарни услуги, за нашите вагони и сите други транспорти услуги.  Нашата компанија истотака располага со значителен парк од сопствени вагони, кои овозможуваат превоз на разновидни материјали, стоки и друг вид на артикли. М.Ж. Транспорт нуди логистички услуги во областа на конвенционалниот транспорт на вагони и контејнери низ пругите во Македонија и во странство.

Меѓународни Патувања

Патуван низ Европа со воз со различните Понуди на Interrail, CITY STAR

Read More

Влеча на Возови

Работната единица, Инвестиционо одржување, составен дел на МЖ. Транспорт АД. –

Read More

Патнички Превоз

Возовите имаат рустикален, стар класичен шарм кјо што скоро е неодолив.

Read More

Товарен Превоз

Компанијата располага со значителен парк од сопствени вагони, кои овозможуваат: • Конвенционален

Read More

ЦЕЛ НА НАШИТЕ

УСЛУГИ

Со вкуптно 699 км пруга, Македонските железници Транспорт АД – Скопје поседува со 1525 товарни вагони, 75 патнички вагони, 40 дизел и 16 електро локомотиви. Покрај тоа во возниот парк има 11 дизел моторни возови и 4 електромоторни возови

 

  • За нашите корисници: обезбедуваќи ги нив со високо-квалитетни услуги
  • Точни & Навремени транспортни услуги
  • Безбедни и високо-квалитетни
  • За вработените: обезбедуваќи соодветна работна организација, која ги подтикнува и комуницира со своите вработени и гарантира безбедна и здрава работна средина.

Орхан Муртезани

Претседател на Управен одбор и Генерален директор

……

НАШАТА ЕКИПА

Sase

Саша Јовановски

Директор за патнички сообраќај

Петар

Петар Баталаков

Директор на Влеча и одржување на возни средства

Branislav Ignatoviq

Бранислав Игнатович

Директор за правни работи и човечки ресурси

dsfgdgfd

Шенур Османи

Директор за економски и финансиски работи

Milco Smilevski

Милчо Смилевски

Директор за товарен сообраќај

Снежана

Снежана Омеровиќ

Директор за Маркетинг и продажба