Се известуваат машиновозачите и другите железнички работници, дека од ден 04.05.2017 до 19.05.2017 година ќе се одржи редовна проверка на знаење. За Машиновозачите редовната проверка на знаење ќе биде во АСЕКО испитниот центар преку електронски пат, а за останатите железнички работници во просториите на СУГС Владо Тасевски. Проверката на знаење ќе се врши пред испитна комисија која се состои од претседател и два члена. Пријавување за редовна проверка на знаење за целокупниот извршен и машински персонал ќе се врши од ден 03.04.2017 до 28.04.2017 год. од 08.00 до 15.00 час.со поднесување писмено Барање за полагање до раководителот на Центарот за обука, што се наоѓа во Влеча на возови со копија од л.карта.
Начин на полагање:
Машиновозачите ќе полагаат во АСЕКО испитниот центар. Испитниот центар се наоѓа позади универзална сала во зградата до бараките на ремонт на пруги. Полагањето на испитот се состои од два дела.На првиот и на вториот дел од теоретскиот испит, работникот треба да покаже знаење за вршење на работи за соодветното занимање и способност за примена на теоретското знаење во пракса, како би можел самостојно да ги извршува работите. Доколку кандидатот не положи било кој дел од испитот(првиот или вториот) ќе се смета дека испитот во целина не го положил. За другите железнички работници, теоретскиот дел од испитот ќе биде од еден дел, и ќе се полага во просториите на СУГС Владо Тасевски во терминот од 09.00 до 14.00 час. Во просторијата за полагање на испитот за време на полагање ќе бидат присутни членовите на Комисијата. Пред почетокот на полагањето на испитот Комисијата го утврдува идентитетот на работникот со увид во лична карта. Полагањето на теоретскиот дел од испитот, работникот ќе го полага писмено. Тестот ќе содржи 30 прашања. Вкупното траење на времето определено за одговарање на прашањата од тестот за полагање на испитот изнесува 60 минути. Се смета дека испитот го положил оној работник кој со точни одговори на прашањата од тестот постигнал најмалку 70 % од вкупниот број предвидени позитивни поени. Испитната комисија го оценува вкупниот успех на работникот по принципот на мнозинство на гласови, при што работникот се оценува со „положил” или „не положил”. Комисијата за полагање има подготвено 100 испитни прашања и го има пропишано начинот на бодирање на испитот. Работникот кој не го положил испитот за занимањето има право на повторно полагање во рок од најмалку еден месец, а најмногу два месеци од денот на полагањето. Испитот може да се повтори најмногу двапати. Доколку и по трет пат не го положи стручниот испит работникот го губи правото на полагање стручен испит за соодветното занимање во временски период од една година. Дополнителни информации може да се добијат во Центарот за обука.
Скопје, 28.03.2017 МЖ Транспорт АД Скопје
Центар за обука