Патнички Воз

Од кинеската корпорација CSR се набавени две електромоторни гарнитури за превоз на патници во железничкиот сообраќај, инвестиција која ја започна фазата на модернизирање на патничкиот железнички сообраќај во нашата земја.

Возот со капацитет за 200 патници е еден од најмодерните направени возови, почитувајќи ги сите стандарди на ЕУ.

Со систем за апсорпција на енергија од три степени се користи според најстрогите европски стандарди EN15227: 2008. Кога два воза и со брзина од 36 км на час се судираат едни со други, или кога возот со брзина од 36 км на час ќе се погоди сокамион со 80 тони, или кога возот со брзина од 50 км на час погоди 15-тон деформабилна бариера, системот за апсорпција на енергија на возилото овозможувајќи безбедност на патниците и возачите.

Возовите се целосно климатизирани, опремени со вакуум тоалети, енергетски ефикасни и  ги задоволуваат сите безбедносни стандарди, како и стандардите за превоз на лица со ограничена мобилност. 

ЕМУ возовите го поврза Табановце на северот со границата со Србија и Гевгелија со јужната граница со Грција и ќе ја преминат македонската престолнина Скопје, со целата должина од околу 215 километри. Како важен дел од десеттиот паневропски транспортен коридор, линијата зафаќа 80% од македонскиот национален железнички капацитет и е најпрометната железница во земјата. 

ЗА НАС

Основната дејност на Македонските железници Транспорт АД- Скопје е превозот на стока и патници. Со околу 920 вработени и со 699 км пруга низ цела Северна Македонија.

КОНТАКТ ИНФО

ул. „Трета македонска бригада“ бр. 66, Скопје

+389(0)2/3248-701

Email : mztransportad@mztransport.com.mk
2020 © Железници на Република Северна Македонија ТРАНСПОРТ А.Д. Скопје. Сите права задржани.

Оптима Турс на деловна посета во ЖРСМ Транспорт АД-Скопје

Денес, 20.08.2024 година, Г-ѓа Рената Шверко, сопственичка на железничката транспортна компанија Оптима Турс со седиште во Минхен, Германија, во Скопје оствари деловна средба со  г. Дејан Кошутиќ, Генерален директор на ЖРСМ Транспорт АД-Скопје.

Оптима турс е железничка транспортна команија и членка на ФТЕ и УИЦ, која успешно веќе 35 години функционира на пазарот за превоз на патници со воз низ делови од Европа и Балканот. Отаму, целта на овој деловен состанок беше актуализирање и повторно враќање во сообраќај на патничката железничка траса Белград – Скопје – Солун, но овој пат, како дел од железничката маршрута Будимпешта – Белград – Скопје – Солун – Атина.

Се разгледуваа сите можни аспекти за враќање на патниците во воз, како најбезбедно и најеколошко превозно средство, кој за разлика од авионскиот и автобускиот превоз, на патниците им нуди повеќе од класично патување. Се воспоставија каткорочни и долгорочни планови, како и статегија на делување и се дојде до една заедничка цел: превозот на патници на патничката железничка траса Белград – Скопје – Солун да биде веќе во функција за ЕКСПО 2027 година кој ќе се одржи во Белград, со што Белград ќе стане светски центар за иновации, култура и образование и ќе привлече бројни постетители од целиот свет, на кои, секако, од голема потреба ќе им биде и користењето на услугите на патничкиот железнички сообраќај.

Како што изјави г. Дејан Кошутиќ, Генерален директор на ЖРСМ Транспорт АД-Скопје: „Теоретски е визија, но практично е реален план. Ако имаш предлог за проект и ако не го визуализираш како тој проект ќе изгледа, ти нема да можеш да го оствариш. Кај нас, во Железници Транспорт, визуализацијата на овој проект е многу јасна.“

На деловната средба присуствуваа и Александар Шверко, Менаџер од Оптима Турс, Горанчо Јовановски, Директор на патнички сообраќај, Сарита Ридова, Директорка на подружница за патнички сообраќај и Димитар Стефанов, Директор на товарен сообраќај.


Translate »