Со новиот возен ред од 11.12.2016 година МЖ Транспорт АД-Скопје воведува дисконтни специјални цени за следните релации:
Понуда Србија/Македонија Специјал
- Скопје-Белград Специјал во еден правец 13,80 ЕУР или 855,00 денари;
- Скопје-Белград-Скопје Специјал повратен билет 27,60 ЕУР или 1709,00 денари;
- Скопје-Ниш Специјал во еден правец 6,90 ЕУР или 428,00 денари;
- Скопје-Ниш-Скопје Специјал повратен билет 13,70 ЕУР или 849,00 денари;
(Рок на важење на оваа понуда е 15 дена во еден правец и 1 месец за повратно патување)
Понуда Хрватска/Македонија Специјал
- Скопје-Загреб Специјал во еден правец 29 ЕУР или 1,796,00 денари;
- Скопје-Загреб-Скопје Специјал повратен билет 59 ЕУР или 3,653, 00 денари;
(Рок на важење на оваа понуда е 4 дена во еден правец и 1 месец за повратно патување)
Понуда Словенија-Македонија Специјал
- Скопје-Љубљана Специјал во еден правец 37,50 ЕУР или 2,322,00 денари;
- Скопје-Љубљана-Скопје Специјал повратен билет 75 ЕУР или 4,643,00 денари;
(Рок на важење на оваа понуда е 4 дена во еден правец и 1 месец за повратно патување)
За деца се обезбедува дополнителен попуст од 50 % од цената за возрасни.
Во цената на овие билети не е вклучена резервација за место и кај овие понуди не постои можност за враќање на делумно искористен возен билет.
За сите останати понуди и попусти во Меѓународниот сообраќај погледнете во менито Патнички сообраќај /Меѓународен сообраќај.