Новости

KONKURS PUBLIK

Për nevojën e krijimit të marrëdhënies së punës me 9 (nëntë) të punësuar përkryerjen e punës për njëkohë të pacaktuar, në HRMV Transport SHA

ЈАВЕН ОГЛAС

За потреба од засновање на работен однос со 9 (девет) работника за извршување на работи на неопределено време, во ЖРСМ Транспорт АД – Скопје.

И З В Е С Т У В А Њ Е

План за сообраќај на патнички возови во услови на ограничено движење ( полициски час од 23:00 часот на ден 05.05.2021година до 05:00часот на ден

ИЗВЕСТУВАЊЕ

Известување за промените на возниот ред кај патничките возови по воведување на мерките за ограничено движење кои ќе важат од 10.03.2021 година до 22.03.2021

KONKURS PUBLIK

Për nevojën e krijimit të marrëdhënies së punës me 32 (tridhjetë e dy) punëtorë për të kryer punë me kohë të caktuar në HRMV

ЈАВЕН ОГЛAС

За потреба од засновање на работен однос со 32 (триесет и два) работника за извршување на работи на определено време, во ЖРСМ Транспорт АД

ЗА НАС

Основната дејност на Македонските железници Транспорт АД- Скопје е превозот на стока и патници. Со околу 920 вработени и со 699 км пруга низ цела Северна Македонија.

КОНТАКТ ИНФО

ул. „Трета македонска бригада“ бр. 66, Скопје

+389(0)2/3248-701

Email : mztransportad@mztransport.com.mk
2020 © Железници на Република Северна Македонија ТРАНСПОРТ А.Д. Скопје. Сите права задржани.

Оптима Турс на деловна посета во ЖРСМ Транспорт АД-Скопје

Денес, 20.08.2024 година, Г-ѓа Рената Шверко, сопственичка на железничката транспортна компанија Оптима Турс со седиште во Минхен, Германија, во Скопје оствари деловна средба со  г. Дејан Кошутиќ, Генерален директор на ЖРСМ Транспорт АД-Скопје.

Оптима турс е железничка транспортна команија и членка на ФТЕ и УИЦ, која успешно веќе 35 години функционира на пазарот за превоз на патници со воз низ делови од Европа и Балканот. Отаму, целта на овој деловен состанок беше актуализирање и повторно враќање во сообраќај на патничката железничка траса Белград – Скопје – Солун, но овој пат, како дел од железничката маршрута Будимпешта – Белград – Скопје – Солун – Атина.

Се разгледуваа сите можни аспекти за враќање на патниците во воз, како најбезбедно и најеколошко превозно средство, кој за разлика од авионскиот и автобускиот превоз, на патниците им нуди повеќе од класично патување. Се воспоставија каткорочни и долгорочни планови, како и статегија на делување и се дојде до една заедничка цел: превозот на патници на патничката железничка траса Белград – Скопје – Солун да биде веќе во функција за ЕКСПО 2027 година кој ќе се одржи во Белград, со што Белград ќе стане светски центар за иновации, култура и образование и ќе привлече бројни постетители од целиот свет, на кои, секако, од голема потреба ќе им биде и користењето на услугите на патничкиот железнички сообраќај.

Како што изјави г. Дејан Кошутиќ, Генерален директор на ЖРСМ Транспорт АД-Скопје: „Теоретски е визија, но практично е реален план. Ако имаш предлог за проект и ако не го визуализираш како тој проект ќе изгледа, ти нема да можеш да го оствариш. Кај нас, во Железници Транспорт, визуализацијата на овој проект е многу јасна.“

На деловната средба присуствуваа и Александар Шверко, Менаџер од Оптима Турс, Горанчо Јовановски, Директор на патнички сообраќај, Сарита Ридова, Директорка на подружница за патнички сообраќај и Димитар Стефанов, Директор на товарен сообраќај.


Translate »