На ден 03.08.2016 година се одржа состанок помеѓу Претседателот на ССМ д-р Живко Митревски и претставниците на Македонски железнициТранспорт АД – Скопје – Генерален директор Никола Костов, Јулијана Веригиќ, директор на правен сектор и претставниците на синдикалните организации Ѓоко Илиевски, Јован Симоновски и Јонче Спасовски.
Генералниот директор ја образложи тешката финансиска состојба на МЖ Транспорт поради блокадите и штрајковите од Грчка страна (Грчки железници, пристаниште во Солун и мигрантската криза) кои во временски период од четири месеци колку што трае блокадата допринесоа за големи и тешки финансиски импликации во комерцијалното работење на друштвото.
Во овој период немаше превози на Коридорот 10, се откажаа сите комерцијални договори затоа што беше прекинат целиот превоз на стоки, а таквата состојба предизвика катастрофални последици кон целокупното Македонско стопанство и допринесоа до директна материјална штета од приближно 5.000.000,00 евра, која се одрази врз тековното редовно намирување на тековните обврски кон коминтентите.
За оваа претрпена штета кон Македонски железници беа известени сите надлежни институции како во Македонија, така и во ЕУ со барање за материјална и финансиска подршка, но за жал, покрај разбирањето и вербалната подршка од институциите во Европската унија не е добиена никаква материјална помош за ублажување на претрпените штети.
МЖ Транспорт во овој период ги исплаќаше редовно платите од сопствените резерви, односно од приходите остварени во текот на минатата година.
Во оваа насока согласно претходно изложеното е побарано подршка од ССМ пред надлежните институции за решавање и разбирање во надминување на проблемите на задоволство како на вработените така и на коминтентите.