Регистрација

[vc_row][vc_column][vc_custom_heading text=”Регистрација” font_container=”tag:h2|text_align:center” use_theme_fonts=”yes”][vc_column_text]

Доколку сакате да ја користите услугата за локација на товарни вагони, потребно е да испратите барање преку формата за регистриција.

[/vc_column_text][/vc_column][/vc_row][vc_row content_placement=”middle”][vc_column]

    [/vc_column][/vc_row]

    ЗА НАС

    Основната дејност на Македонските железници Транспорт АД- Скопје е превозот на стока и патници. Со околу 920 вработени и со 699 км пруга низ цела Северна Македонија.

    КОНТАКТ ИНФО

    ул. „Трета македонска бригада“ бр. 66, Скопје

    +389(0)2/3248-701

    Email : mztransportad@mztransport.com.mk
    2020 © Железници на Република Северна Македонија ТРАНСПОРТ А.Д. Скопје. Сите права задржани.

    Оптима Турс на деловна посета во ЖРСМ Транспорт АД-Скопје

    Денес, 20.08.2024 година, Г-ѓа Рената Шверко, сопственичка на железничката транспортна компанија Оптима Турс со седиште во Минхен, Германија, во Скопје оствари деловна средба со  г. Дејан Кошутиќ, Генерален директор на ЖРСМ Транспорт АД-Скопје.

    Оптима турс е железничка транспортна команија и членка на ФТЕ и УИЦ, која успешно веќе 35 години функционира на пазарот за превоз на патници со воз низ делови од Европа и Балканот. Отаму, целта на овој деловен состанок беше актуализирање и повторно враќање во сообраќај на патничката железничка траса Белград – Скопје – Солун, но овој пат, како дел од железничката маршрута Будимпешта – Белград – Скопје – Солун – Атина.

    Се разгледуваа сите можни аспекти за враќање на патниците во воз, како најбезбедно и најеколошко превозно средство, кој за разлика од авионскиот и автобускиот превоз, на патниците им нуди повеќе од класично патување. Се воспоставија каткорочни и долгорочни планови, како и статегија на делување и се дојде до една заедничка цел: превозот на патници на патничката железничка траса Белград – Скопје – Солун да биде веќе во функција за ЕКСПО 2027 година кој ќе се одржи во Белград, со што Белград ќе стане светски центар за иновации, култура и образование и ќе привлече бројни постетители од целиот свет, на кои, секако, од голема потреба ќе им биде и користењето на услугите на патничкиот железнички сообраќај.

    Како што изјави г. Дејан Кошутиќ, Генерален директор на ЖРСМ Транспорт АД-Скопје: „Теоретски е визија, но практично е реален план. Ако имаш предлог за проект и ако не го визуализираш како тој проект ќе изгледа, ти нема да можеш да го оствариш. Кај нас, во Железници Транспорт, визуализацијата на овој проект е многу јасна.“

    На деловната средба присуствуваа и Александар Шверко, Менаџер од Оптима Турс, Горанчо Јовановски, Директор на патнички сообраќај, Сарита Ридова, Директорка на подружница за патнички сообраќај и Димитар Стефанов, Директор на товарен сообраќај.


    Translate »