Генералниот директор на МЖ Транспорт, Зули Демири денеска подели 40 решенија за вработување на машиновозачи за работа на неопределено време. МЖ Транпсорт од денеска го засилува тимот за работа, се со цел да се надминат предизвиците со недостаток на кадар. Со вработувањето на 40 лица,избрани на оглас, кои после приправничкиот стаж ќе работат како машиновозачи, ќе се надмиме и опасноста да дојде до прекин на железничките линии поради недостаток на кадар. Меѓу новопримените вработени, застапени се сите националности, а меѓу нив има и две жени кои ке имат можност да работат како возачи во железничкиот сообраќај. МЖ Транспорт за прв пат вработува одеднаш 40 машиновозачи, овој кадар сериозно недостасуваше за нормално функционирање на компанијата. Генералниот директор Демири уште од стапувањето на функцијата делува за доброто на вработените и компанијата. Демири се залага за напредок на МЖ Транспорт што пак е и клучно за економскиот напредок не само на компанијата туку на цела држава.