ЖРСМ Транспорт АД Скопје ги известува патниците кои патуваат на релација Гевгелија – Скопје дека поради градежни работи кои се извршуваат од страна на ЈП ЖРСМ Инфраструктура – Скопје, на делот од пругата Кукуричани – Криволак, времено, од 08.05.2023 година до 20.05.2023 година врши измена на времето на поаѓање кај воз бр. 632 од ст. Гевгелија.
Возот бр. 632 кој по Возен ред од ст. Гевгелија поаѓа во 16.55, за наведениот период ќе поаѓа во 18.20 часот, освен во Недела кога ќе сообраќа согласно важечкиот возен ред.
ЖРСМ Транспорт АД Скопје